
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Логистичката компанија cargo-partner одбележа 30 години работење во Хрватска и Словенија со свечени настани организирани во хотелот „Новотел“ во Загреб и во Центарот за безбедно возење AMZS во Вранско.
Во Хрватска, клиентите, партнерите и вработените во компанијата cargo-partner се собраа во хотелот „Новотел“ во Загреб.
Програмата ја водеше Маја Цигленечки, а вечерта започна со осврт на развојот на компанијата и обраќања на Зоран Старчевиќ, директор на компанијата во Хрватска, Лука Ферара, генерален директор, Ото Франц Живковиц, директор за комерцијални работи, како и на специјалните гости, амбасадорката на Република Австрија, Ивон Тончиќ-Сорињ, и амбасадорот на Јапонија, Мицухиро Вада.
Прославата продолжи со свечена вечера, интерактивен квиз и традиционално сечење на роденденската торта, во кое учествуваше и Томас Земан, извршен директор за регионот на Централна и Источна Европа.
Да потсетиме, cargo-partner Хрватска официјално е основана на 16 мај 1996 година во Загреб, со што Хрватска стана шестата земја во која оваа глобална групација отвори свое претставништво.
Денес компанијата располага со вкупно 21.500 квадратни метри логистички капацитети на подрачјето на Загреб, Јанкомир и Велика Горица и вработува околу 100 лица.
Во Словенија, компанијата организираше дводневен настан во Центарот за безбедно возење AMZS во Вранско, наменет за клиентите, деловните партнери, вработените и нивните семејства.
Програмата опфати практични активности поврзани со возењето и логистиката, спортски содржини, забава и семејни активности.
Основана во 1996 година со мала канцеларија на аеродромот во Љубљана, cargo-partner Словенија во текот на три децении се разви во еден од водечките даватели на логистички услуги во земјата.
Денес компанијата вработува повеќе од 150 лица и обезбедува сеопфатни услуги за воздушен, поморски и патен транспорт, царинско посредување, како и договорна логистика.
Компанијата располага со речиси 50.000 квадратни метри складишен простор, а клучните логистички објекти се наоѓаат во Љубљана, Брник и Логатец.
„Во изминатите 30 години нашиот успех се темели на посветени тимови, сигурни партнерства и силна ориентираност кон клиентите. Како дел од Nippon Express Group од 2024 година, имаме можност да ја комбинираме локалната експертиза со глобалните капацитети и да продолжиме да развиваме сигурни и иновативни логистички решенија“, изјави Виктор Кастелиц, директор на cargo-partner Словенија и директор на кластерот CEE Adriatic.