
Вотката Svarog, премиум производ на компанијата „Бадел 1862“, освои бронзено признание на натпреварот International Spirits Challenge во Велика Британија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вотката Svarog, премиум производ на компанијата „Бадел 1862", освои бронзено признание на натпреварот International Spirits Challenge во Велика Британија.
International Spirits Challenge се одржува веќе 18 години во Велика Британија. Еден од најпочитуваните натпревари од страна на водечките светски произведувачи на алкохолни пијалаци. Стручното жири го оценува вкусот и квалитетот на пијалакот, дизајнот на пакувањето, како и маркетингот. Оваа година беа пријавени повеќе од 1.000 примероци од 70 земји од светот.
Вотката Svarog, премиум вотка на „Бадел 1862", лансирана е пред помалку од една година. Оваа тројно дестилирана вотка, покрај на домашниот, може да се најде на пазарите во Кина и во регионот, а во компанијата најавуваат планови за извоз и во ЕУ. Минатата година е наградена на оценувањето на IWSC (International Wine and Spirits Competition) во Лондон.