
Сараево и оваа година беше местото на настанот, каде што се собраа истакнати регионални и европски експерти од областа на пазарната комуникација, брендирањето и медиумите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сараево и оваа година беше местото на настанот, каде што се собраа истакнати регионални и европски експерти од областа на пазарната комуникација, брендирањето и медиумите.
На единственото стручно маркетинг-случување во БиХ, „Брендинг конференција 04", што се одржа на 20 јуни во хотелот „Бристол", се разговараше за новите трендови и пазарните промени, предизвикани од развојот на дигиталните медиуми и важноста на брендирањето во деловниот процес и во креирањето на имиџот кај потрошувачите и во јавноста.
Најголемо внимание предизвика доаѓањето на врвниот експерт од областа на брендирањето, Јустус Шнајдер, извршен директор на „Интербренд" за централна и југоисточна Европа. „Интербренд" е најпознатата и најголемата светска мрежа за анализа и процена на вредноста на брендот, што постои од 1970 година.
Предавачи беа: Изток Грмек, амбасадор на Словенија; Јања Божиќ Маролт, сопственик на институтот за истражување „Медиана" (Словенија); Ади Хаџиараповиќ, директор за маркетинг и комуникации во „Мекдоналдс" (БиХ); Наташа Пуцар, генерален менаџер за корпоративна комуникација во „Студен & Ко холдинг" (БиХ); Јан Јилек, претседател на Управата на „Дигитална дистрибуција огласа" (Хрватска); Кристијан Грегориќ, регионален директор на „Атлантик група" (Хрватска); Давор Руње, основач и креативен директор на „Драп" (Хрватска); Иван Спајиќ Бутурац, специјалист за социјални и веб-медиуми во „Нестле Адриатик" (Хрватска); Варвара Љешковиќ, директор за маркетинг и корпоративна комуникација во „Црногорски Телеком" (Црна Гора); Ана Пеновиќ, програмски директор на „Јасно и гласно" (Хрватска); Валерија Преволшек, генерален директор на „Медиа пул" (Словенија); Ања Радуловиќ, креативен директор на „Лео Бурнет Београд" (Србија); Емир Ферушиќ, водител на програмата за продажба на промотивни материјали „Р&С" (БиХ); Драган Рујевиќ, директор на „New moment new ideas company/Young & Rubicam"(БиХ); Маша Чампара, генерален директор на „eMedia Patch New York" (БиХ); Борут Одлазек, менаџер за комуникации на „Голден драм" (Словенија).
Медиумски партнер, меѓу другите, беше и магазинот Instore.