
Бранка Славеска е именувана за нов претседател на Управата на „Карловачка пивара“. На оваа позиција ќе го наследи Александар Гершбахер, што на чело на компанијата беше од јули 2010 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бранка Славеска е именувана за нов претседател на Управата на „Карловачка пивара". На оваа позиција ќе го наследи Александар Гершбахер, што на чело на компанијата беше од јули 2010 година.
Славеска ќе ја преземе должноста ан 1-ви декември. Таа поседува повеќегодишни искуство во индустријата за пијалаци, вкучувајќи стратешко планирање и развој на бизниси. Во компанијата „Хајнекен " работи од 2006 година. Пред доаѓањето во „Карловачка пивара" била директор на „Хајнекен – Русија". Работела и во компанијата „Хајнекен – Белорусија" како директор за продажба и дистрибуција. Претходно работела и за регионот Средна и Источна Европа во „Хајнекен", а била одговорна и за винаријата „Тиквеш" и „Пивара Скопје".
Да се биде претседател на Управата во мојата кариера е нов предизвик и се радувам за тоа. „Карловачка пивара" е успешна компанија со долга традиција и одлични брендови. Како претседател на Управата ќе продолжам да работам на посилни темели што ги има компанијата и ќе дадам се од себе за дополнително да го унапредиме работењето, изјави Славеска.