
И по третиот оглас за продажба на имотот на „Бјеласица Рада“, по почетна цена од 1,72 милиони евра, на адресата на компанијата не пристигна ниту една понуда.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
И по третиот оглас за продажба на имотот на „Бјеласица Рада", по почетна цена од 1,72 милиони евра, на адресата на компанијата не пристигна ниту една понуда.
Стечајниот управник Сретан Мрваљевиќ истакна дека продажбата продолжува по стандардна процедура, а новиот оглас ќе биде објавен за десетина дена.
Продажбата на имотот на стечајниот должник почна по донесувањето на решението од Стопанскиот суд за прогласување на банкрот на „Бјеласица Рада", на 8 септември минатата година.
Стечајот на компанијата е почнат во мај минатата година, по барање на работниците, кои не земале плата повеќе од една година.