
„Бихаќка пивара“ во првото полугодие од оваа година оствари нето добивка поголема од 20.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Бихаќка пивара" во првото полугодие од оваа година оствари нето-добивка поголема од 20.000 евра.
Ова е подобар резултат од оној во првите шест месеци, кога компанијата оствари добивка од околу 1.400 евра. Приходите од оваа компанија во првата половина од годината изнесуваа околу 3,05 милиони евра, додека расходите околу 3,03 милиони евра. Компанијата има краткорочни обврски од околу 1,9 милиони евра, додека долгорочните обврски изнесуваат околу 1,02 милиони евра.
Адем Ибрахмпашиќ е најголемиот сопственик на компанијата со удел од 48,8 отсто, а по него следуваат „ЗИФ Проф-плус" - Сараево што поседува 10,1 отсто, „ЗИФ Бонус" со 7,7 отсто и „ЗИФ МИ Груп" со 7,4 отсто.