
Фабриката за вода и сокови „Бивода“ годинава првпат ќе ги пласира своите производи во Македонија, а планира и влез на грчкиот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за вода и сокови „Бивода" годинава првпат ќе ги пласира своите производи во Македонија, а планира и влез на грчкиот пазар.

Директорот на компанијата, Ненад Зафировиќ, истакна дека со македонска компанија од Скопје е потпишан повеќегодишен договор за соработка, а компанијата интензивно се подготвува за влез на грчкиот пазар.
„Бивода", како што објаснува Зафировиќ, е заинтересирана за соработка со сите пазари во регионот, па освен странските пазари, како значаен пазар го издвојува пазарот во Косово, каде досега немаат значителен пласман на своите производи.
Косово ни е интересен пазар бидејќи е блиску. Остваривме одредени контакти на саемот во Приштина, така што очекувам во блиска иднина, сегашната „срамежлива" соработка да ја замениме со многу значаен деловен аранжман на тие простори, додаде Зафировиќ.