
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„БИП“ во претходната година оствари пораст на продажбата од 10,67% на белградскиот пазар. Во 2013 година компанијата бележеше позитивни резултати и по обемот на продажба и по бројот на коминтенти, кои што производите од пиварницата ги воведоа во своите понуди.
„БИП" во претходната година оствари пораст на продажбата од 10,67% на белградскиот пазар. Во 2013 година компанијата бележеше позитивни резултати и по обемот на продажба и по бројот на коминтенти, кои што производите од пиварницата ги воведоа во своите понуди.
Во 2013 година го стабилизиравме тргувањето, го стандардизиравме и унапредивме квалитетот на производите и се вративме во редовите на најсилните пиварници по продажба, беше соопштено вчера од страна на компанијата.
Порастот на продажбата директно придонесува за зголемување на бројот на купувачи во 2013, во однос на преходната година за 18,29%, а трендот продолжува и во почетокот на 2014 година.
Нашето определување е јасно, а тоа е БИП да стане здрав и ефикасен систем, со јасна перспектива. Економските показатели потврдуваат дека со домаќинско управување, можеме да постигнеме добри резултати, изјави М. Драганиќ, генерален директор. Настојуваме „БИП" да го продолжи својот повторен пробив на пазарот, затоа што ова е година на голем јубилеј – 175 години од постоењето на Белградската индустрија за пиво. Целта ни е јубилејната година да биде и година на деловен успех и година на комплетно враќање на „БИП" на големата сцена, рече тој.