
Во индустриската зона Циљуга трговскиот синџир „Бинго“ отвори голема фарма за кокошки, со што ги направи првите чекори во прехранбената индустрија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во индустриската зона Циљуга трговскиот синџир „Бинго" отвори голема фарма за кокошки, со што ги направи првите чекори во прехранбената индустрија.
Фармата е изградена според најмодерните светски стандарди, а почетокот на работењето го одбележа добивањето на сертификатите за стандардите HASAP и HALAL. Сертификатите му се врачени на директорот на фирмата Хусејн Пепељак. Стандардот бара осигурување на адекватни барања за сместување и исхрана на кокошките, како и соодветна примена на хигиенски и санитарни мерки, хумано постапување и обучени вработени.
Компанијата „Бинго" стана првиот сертифициран производител на јајца според стандардот HALAL на Балканот. Воедно, со сертифицирањето се обезбедени можности за поврзување на синџирот на следливост во целата халал индустрија во БиХ и пошироко – изјави Амир Сакиќ, директор на Агенцијата за сертифицирање на HALAL квалитетот.
Во моментот на фармата дневно се пакуваат повеќе од 30.000 јајца, кои веднаш се дистрибуираат во продажните центри „Бинго", а во план е зголемување на производството.
Воедно се планира изградба на фабрика за производство на бисквити и тестенини. Проектот е вреден околу десет милиони марки.Нашата цел е да изградиме фабрика и да вработиме повеќе од сто луѓе, изјави „Пауноски", портпарол во „Бинго".