
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Граѓаните на Горажде и околните градови присуствуваа на свеченото отворање на големиот трговски центар на компанијата „Бинго“ во Горажде, сместен на површина од околу десет илјади метри квадратни, во кој се инвестирани околу 5 милиони евра.
Граѓаните на Горажде и околните градови присуствуваа на свеченото отворање на големиот трговски центар на компанијата „Бинго" во Горажде, сместен на површина од околу десет илјади метри квадратни, во кој се инвестирани околу 5 милиони евра.
.jpg>)На отворањето на 157. објект на оваа компанија присуствуваа премиерот на БПК Горажде Емир Оковиќ, началникот на Општината Мухамед Рамовиќ и потпаролот на компанијата „Бинго" Татјана Пауноски.
На најголемиот трговски синџир во Бих со вкупно 4.500 вработени, им се приклучија нови 110 вработени.
Дел од нашата богата програма се бутици, продавници, аптеки, обложувалници, куглана, како и ресторан „Бинго" во чии рамки има и игротека. Тоа за што сега размислуваме е отворање на откупен центар, бидејќи овој регион е познат по земјоделско производство и производство под пластеници, истакна Татјана Пауноски. Таа потсети и на значајноста на програмата за стручно оспособување и вработување на трговците, за чија реализација компанијата доби поддршка од страна на проектот на УСАИД и на „Сида" – „Голд".