
Трговскиот синџир „Бинго“, кој на 21 март преку лицитација ја купи фабриката за сушен зеленчук, зачини и лековити билки, го заклучи договорот со фабриката. Вредноста на договорот изнесува околу 613,5 илјади евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Бинго", кој на 21 март преку лицитација ја купи фабриката за сушен зеленчук, зачини и лековити билки, го заклучи договорот со фабриката. Вредноста на договорот изнесува околу 613,5 илјади евра.
Екипи на инженери и работници веќе почнаа со ремонт на машините, а потребно е да се утврди кои сè машини се потребни за неопходно работење на фабриката.
Со договорот, „Бинго" се обврзува дека ќе ја задржи дејноста на работење на фабриката, ќе вработи нови лица и ќе го проширува преработувачкиот капацитет. Воедно, тој се обврзува дека ќе организира и откуп на земјоделски производи на подрачјето на Јања и Семберија.