
Компанијата „Бинго“ на 10 јануари го презентираше проектот за изградба на фарма за кокошки несилки во Циљуга, периферијата на Живиница. Во проектот е вложено пет милиони евра, а отварањето на фармата се очекува во април.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бинго" на 10 јануари го презентираше проектот за изградба на фарма за кокошки несилки во Циљуга, периферијата на Живиница. Во проектот е вложено пет милиони евра, а отварањето на фармата се очекува во април.

Новата фарма е најсовремен објект од овој вид кај нас. За почеток, во фармата ќе има 39.000 кокошки несилки, чија месечна продукција ќе изнесува повеќе од еден милион јајца. Ќе имаме современо одделение за пакување, кое меѓу другото, ќе ги одделува јајцата, кои евентуално се заразени од салмонела. На пазарот ќе пласираме потполно здрав производ, рече Татјана Пауновска, претставник на за односи со јавност.
По изградбата на фармата за кокошки несилки, „Бинго" во Циљуга ќе вложува во капацитети за производство на тестенини, кекси, како и оранжериско производство.