
Во местото Тромеѓе, на подрачјето на општината Читлук, свечено е отворена стотата работна единица на домашниот трговски синџир „Бинго“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во местото Тромеѓе, на подрачјето на општината Читлук, свечено е отворена стотата работна единица на домашниот трговски синџир „Бинго".
Површината на продажниот простор изнесува 10.000 квадратни метри, а работа е обезбедена за 80 работници.
Освен редовниот асортиман во категоријата храна, хемија, козметика, облека и салон за мебел, понудата во продавницата е насочена кон потребите на сопствениците на ресторани и хотели.
Во понуда имаме 70.000 артикли, од кои 5.000 се постојано на акција. Но, овде ќе отвориме и станица за откуп на локалните земјоделски производители, со што, значително ќе ги подобриме нашите односи со локалните жители и купувачите, па и на тој начин ќе ги пласираме домашните производи, истакна Татјана Пауноски, од одделението за односи со јавноста во „Бинго".