
Годинешниот прием на семки фабриката „Бимал“ го одбележа со отворање на нов погон за отстранување на прашина што е во согласност со еколошките стандарди на ЕУ. Вредноста на инвестицијата е околу половина милион конвертабилни марки.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Годинешниот прием на семки фабриката „Бимал" го одбележа со отворање на нов погон за отстранување на прашина што е во согласност со еколошките стандарди на ЕУ. Вредноста на инвестицијата е околу половина милион конвертабилни марки.
Во моментов е во тек прием на семки од сончоглед и генетски немодифиџирана соја, што во зголемен интензитет ќе трае до крајот на месецот. Тоа значи дека ќе имаме голем број семиња што треба правилно да се обработат во согласност со стандардите за зачувување на околината. Со инсталацијата на новиот погон за отстранување на прашина, пред почетокот на сезоната, овозможивме минимална емисија на прашина и заштита на животната средина, потврди Наташа Пуцар, директор за корпоративни комуникација на „Студен холдинг", во чиј состав работи и оваа фабрика.
Од 2002 година па сѐ до денес, „Бимал" за петпати го зголеми капацитетот на обработка на семиња, од 26.000 тони годишно на денешните 120.000 тони.
Отворањето на новиот погон во вредност од половина милион конвертибилни марки, е дел од стратешкиот план за приближување кон производствените норми на ЕУ, што компанијата ги следи и покрај непостоењето на вакви закони во БИХ.