
Во силната конкуренција со големите европски производители, прехранбената компанија „Канаан“ со својот чипс го освои пазарот во Унгарија каде што нејзините производи се препознаени како Best Buy.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Во силната конкуренција со големите европски производители, прехранбената компанија „Канаан" со својот чипс го освои пазарот во Унгарија каде што нејзините производи се препознаени како Best Buy.
Во Унгарија „Канаан" е присутна веќе десет години каде што остварува просечен пораст на продажбата од 25 отсто. Со продажба поголема од 800 тони чипс, уделот на оваа хрватска компанија на унгарскиот пазар изнесува околу десет отсто.
На кој било пазар долгорочно може да се опстои единствено ако сте способни да произведете конкурентен производи и трпеливо и паметно да работите. Голема улога за освојување на унгарскиот пазар има компанијата „Фоди продукт" која ги увезува производите на „Канаан" во Унгарија, рече Звонко Поповиќ, директор на „Канаан".
Потврда за квалитетот на „Канаан" е производството на чипс кое е поголемо од 4.500 тони готови производи. Во моментов е најголем извозник на солени грицки во Хрватска, а своите производи ги изезува во Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Словачка, Црна Гора, Албанија и Косово.