
Акцијата „Друштво, кој вози дома?“ на „Хајнекен“ – Србија го одбележа и годинешното издание на фестивалот „Егзит“, кој го посетија повеќе од 215.000 луѓе.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Акцијата „Друштво, кој вози дома?" на „Хајнекен" – Србија го одбележа и годинешното издание на фестивалот „Егзит" (од 5 до 9 јули), кој го посетија повеќе од 215.000 луѓе.

Промовирајќи одговорна консумација и безбедност во сообраќајот на најпосетениот музички фестивал во земјата, „Хајнекен" – Србија во соработка со Агенцијата за безбедност во сообраќајот и со фондацијата „Егзит", подаруваше ваучери за бесплатно возење со такси за доаѓање и за заминување одПетроварадинската тврдина.
Како што наведуваат од компанијата, ваучерите на посетителите на фестивалот им биле доделувани т.н. „сигурната зона" (Safe zone), по учеството во краток едукативен квиз за одговорна консумација.
Во рамките на кампањата „Друштво, кој вози дома?", која „Хајнекен" – Србија ја организира веќе петта година, безбедниот превоз го искористија повеќе од 150.000 луѓе, а компанијата ќе продолжи да ја спроведува акцијата и во текот на претстојните летни фестивали, велат од „Хајнекен".