
Поранешниот полицаец Мирко Прелчец од Крапина отвори продавница каде што сиромашните можат да си земат сè што ќе посакаат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Поранешниот полицаец Мирко Прелчец од Крапина отвори продавница каде што сиромашните можат да си земат сè што ќе посакаат.
Само го работам тоа што институциите би требало да го работат, вели пензионираниот полицаец, пренесува 24sata.hr.
Откако е во пензија,Мирко Прелчец се занимава со хуманитарна работа и се грижи и за десетина загорски семејства кои поради тешките телесни и интелектуални оштетувања не се способни за самостоен живот. Во неговиот бесплатен дуќан за сиромашни нема цени – корисниците овде ги чекаат основните продукти, како што се масло, шеќер, сол, хигиенски производи и сл.
Мирко самиот нè пронајде и ни понуди помош. Оваа донација ни значи премногу – со сопругот сме невработени и со четири деца, а од социјалната помош тешко може да се преживее и да се нахранат децата, вели Марија Цвртила од Страхиња, Крапина.
На секого треба да му се даде шанса, едни со други мораме да си помагаме! изјави Прелчец и додаде дека најмногу помагаат токму оние коишто имаат најмалку.