
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата што работи во рамките на концернот „Агрокор“ соопшти дека потпишала договор за имплементација на информацискиот деловен систем SAP со компаниите „МК ИТ Бизнис Солутионс“ и Б4Б, што дополнително ќе ги оптимизира деловните процеси на „Беље“.
Компанијата што работи во рамките на концернот „Агрокор" соопшти дека потпишала договор за имплементација на информацискиот деловен систем SAP со компаниите „МК ИТ Бизнис Солутионс" и Б4Б, што дополнително ќе ги оптимизира деловните процеси на „Беље".
Инвестицијата во SAP ERP систем вредна е околу од 3,4 милиони евра. Системот ќе се имплементира и ќе се приспособи на сите деловни процеси во компанијата, од земјоделство и сточарство до прехранбена индустрија, а ќе ги вклучи и деловните процеси во лозарство, винарство и туризам, се наведува во соопштението.
Завршетокот на имплементацијата на деловниот систем се очекува во почетокот на 2014 година.