
Компанијата „Делез“ отвори нова продавница „Темпо“ во Белград, што претставува 11-та продавница на „Темпо“ во Србија и четврта во Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез" отвори нова продавница „Темпо" во Белград, што претставува 11-та продавница на „Темпо" во Србија и четврта во Белград.
Објектот се простира на површина од 3.400 квадратни метри, а на потрошувачите на располагање им е бесплатен паркинг од два часа. Во новото „Темпо" се вработија 100 луѓе, а потрошувачите ќе бидат услужувани на 16 каси.
Во понудата се наоѓаат околу 30.000 прехранени и непрехранбени производи. Освен одделенијата за свежи овошје и зеленчук, месара и пекара, во новото „Темпо" може да се најдат производи од приватните трговски марки на „Делез", меѓу кои се Premia, 365, Delhaize, Taste of inspirations, Care, Od naše zemlje, Home и Bio.
„Делез", денес, со сите продавници што ги поседува („Макси", „Мини Макси", „Стоп&Го") достигна бројка од 379 објекти ширум Србија. Ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата малопродажна мрежа и во следната година, со отворање нови и реновирање на постоечките продавници, истакна директорот за продажба, Слободан Рудан.