
Бидејќи не беше добиен планот за реорганизација, Стопанскиот суд од Зрењанин прогласи банкрот на компанијата „Беохемија-Инхем“ која е веќе во стечај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бидејќи не беше добиен планот за реорганизација, Стопанскиот суд од Зрењанин прогласи банкрот на компанијата „Беохемија-Инхем" која е веќе во стечај.
Компанијата за производство на средства за домашна хигиена, уште пред неколку години се соочи со големи проблеми. Иако имаше квалитетни производи, добар маркетинг и одличен пласман на српскиот и на странските пазари, „Беохемија-Инхем" сѐ потешко успеваше да ги враќа кредитите. Загубите се зголемуваа, така што компанијата прогласи стечај.
Анализите покажаа дека побарувачката на доверителите ја надмина вредноста на компанијата, за дури десет пати.
Обврските на компанијата се зголемија на околу 204 милиони евра, а лиценцата, патентите, недвижниот имот, опремата и резервите, според сметководствените анализи, вредат околу 21,2 милиони евра.
Откако никој од заинтересираните не поднесе план за реорганизација, стечајниот управник Василије Јовановиќ предложи компанијата од стечај да премине во банкрот. Односно, да се распродаде имотот на фабриката и парите да им се поделат на доверителите, во согласност со процентот на нивните побарувања. Во тек е попис и пазарната проценка на имотот, а останува да се види дали „Беохемија-Инхем" на купувачите ќе им се понуди во целост или во делови.
Погоните во Зрењанин цело време нормално си работат, истакна стечајниот управник Јовановиќ, додавајќи дека се ангажирани 250 вработени, а познатите брендови Duel, Spin и други, продолжуват успешно да се пласираат на пазарот.