
Во продавницата „Идеа Лондон“ во Белград свечено е вклучен единствениот банкомат во Србија каде може да се купат и да се продадат криптовалутите - биткоин и лајткоин.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во продавницата „Идеа Лондон" во Белград свечено е вклучен единствениот банкомат во Србија каде може да се купат и да се продадат криптовалутите - биткоин и лајткоин.
Голем број присутни можеа да се запознаат со бројните занимливости, но и да дознаат на кој начин е можно да станат сопственици на дигитални валути. Бројот на корисници на овие валути секојдневно расте, а поголемата достапност на автоматите ќе придонесе за ширење на мрежата корисници.
Биткоин и лајткоин се валути на новата генерација, па затоа е значајно Белград и Србија да имаат еден ваков двонасочен банкомат кој овозможува да бидеме дел од глобалниот пазар, да може да купуваме и да продаваме криптовалути кога и да посакаме, изјави Наташа Павловиќ, директор на секторот за маркетиншки комуникации за брендот „Идеа".
Во светот постојат 50 милиони корисници, а компанијата ЕСД, според досегашниот тренд, очекува бројот на корисници да се зголеми за 50 отсто во однос на 2016 година.
Марко Матановиќ, менаџер за развој на бизнисот во „ЕСД груп", нагласи дека ЕЦД како сервис за размена на криптовалути во нашиот регион работи од 2012 година и мисијата им е овозможување на полесен пристап до овие валути. Истакна дека му е задоволство што е дел од визијата на компанијата и што таа е прифатена од исклучително силниот партнер - трговскиот синџир „Идеа".
Од компанијата најавија уште многу иновации, меѓу кои е можноста за воведување на трета криптовалута, како и можност за плаќање со овие валути во продавницата „Идеа Лондон".