
Во 2015 година, „Бањалучка пивара“ оствари профит од 3,1 милион евра, што во споредба со 2014 година кога изнесуваше 3,2 милиони евра, е незначително намален.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во 2015 година, „Бањалучка пивара" оствари профит од 3,1 милион евра, што во споредба со 2014 година кога изнесуваше 3,2 милиони евра, е незначително намален.
Минатата година приходите на пиварницата изнесуваа 23,6 милиони евра, додека една година претходно, тие изнесувале 22,9 милиони евра.
Во „Бањалучка пивара" нагласија дека минатата година била една од најдобрите за продажба на пиво. Минатата година пазарот на пиво се зголеми за четири отсто, а пиварницата успеа да оствари продажба од 459.000 хектолитри, што е пораст од 7,5 отсто во споредба со минатата година. Со овие резултати ја консолидиравме нашата позиција како водечка домашна пиварница со околу 22 отсто од вкупниот пазар на пиво во БИХ, изјави генералниот директор на пиварницата Николас Пени.
Тој додаде дека, и покрај општиот успех во остварувањето на обемот на продажбата, приходот од продажбата поспоро се зголемуваше од порастот на обемот, со што се потврдува фактот дека расположливата купувачка моќ на потрошувачите е сѐ помала.