
Компанијата „Бамби“ отвори производствена линија за Plazma во својата фабрика во Пожаревац која претставува инвестиција вредна 10 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Бамби" отвори производствена линија за Plazma во својата фабрика во Пожаревац која претставува инвестиција вредна 10 милиони евра.
Како што истакнуваат од компанијата, вложувањето во нов најсовремен погон ќе придонесе за зголемена ефикасност и проширување на производствените капацитети на фабриката која има стратешко значење за работењето на компанијата. На отворањето присуствуваа претставници на Владата на Србија, генералниот директор на „Мои брендови" Андреа Јовановиќ и генералниот директор на компанијата „Бамби" Бојан Радун.
Од почетокот компанијата „Мои брендови" има за цел ширење на работењето и понатамошен развој на компаниите „Бамби", „Имлек" и „Књаз Милош". Преку вложување во производствениот процес и примена на нови технологии сакаме да продолжиме со ширењето и да ја одржиме лидерската позиција на пазарите во Србија и во регионот, изјави Јовановиќ и истакна дека целта на компанијата е да ги одржи довербата и лојалноста на потрошувачите.
Благодарение на континуираните инвестирања, инвестиции и исполнувањето на највисоките светски стандарди, „Бамби" прерасна во една од најуспешните компании во Србија и лидер во кондиторската индустрија. Со проширувањето на асортиманот на „Бамби" и со новата производствена линија во која се вложени десет милиони евра, ќе се овозможи значително зголемување на производствените капацитети, изјави Радун.