
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бакина тајна, брендот на компанијата „Фудланд“ освои светска награда за најдобра амбалажа во категоријата храна на натпреварот за дизајн на пакувања „World package Grand Prix“. Теглите и шишињата оценети како најдобри во светот ги осмисли тим на дизајнери од Србија предводени од Јован Тркуља и Маријана Жариќ.
Бакина тајна, брендот на компанијата „Фудланд" освои светска награда за најдобра амбалажа во категоријата храна на натпреварот за дизајн на пакувања „ World package Grand Prix". Теглите и шишињата оценети како најдобри во светот ги осмисли тим на дизајнери од Србија предводени од Јован Тркуља и Маријана Жариќ.
Како што се вели во соопштението, ова е прв пат домашна компанија да добие глобално признание во областа на дизајн на пакувања.
Наградата се додели на 9-ти мај во Сиднеј од страна на Светската организација за пакувања (World Packaging Organisation), а наградата ја прими Васо Лекиќ, генералниот директор на „Фудланд".
World package Grand Prix традиционално ги собира на едно место победниците на регионални натпревари за најдобри пакувања. На почетокот од годинава, „Фудланд" освои награда за најдобра амбалажа во регионот „Регпак", додека на неодамна одржаниот натпревар за најдобра домашна амбалажа „Пактивити" освои награда за најдобар дизајн на амбалажа во Србија.