
Џемот од портокал Bakina Tajna ја освои бронзената награда на светскиот фестивал на мармалад „Далемеин“ во Велика Британија, во конкуренција од 700 производители од целиот свет.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Џемот од портокал Bakina Tajna ја освои бронзената награда на светскиот фестивал на мармалад „Далемеин" во Велика Британија, во конкуренција од 700 производители од целиот свет.
Со освојувањето на наградата, џемот доби и промотивна налепница за квалитет и се најде на листата на најдобри производи во светот. Судиите од Велика Британија го оценија овој џем со највисока оцена за изгледот и аромата. Силен вкус, со богата арома на портокал – беше заклучокот при доделувањето на наградата.
Ова беше деветтото издание на фестивалот, што британската куќа „Фортнум & Мејсон"го организира на имотот Далемаин во областа Кумбрија, позната по долгата традиција на производство на мармалад. На настанот се собираат светските производители, а оваа година за учество се пријавија повеќе од 2.000 тегли со мармалад. Меѓу нив имаше вкусови на лимон и мед, портокал и виски, лимон и шампањ, портокал и чоколадо...
Да се освои награда на натпревар во земјата на мармаладот е голем успех за српскиот производител, се наведува во соопштението.