
Во конкуренција на жестоки алкохолни пијалаци од целиот свет, Badel Stara Šljivovica беше прогласен за најдобар во натпреварот во Лас Вегас.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во конкуренција на жестоки алкохолни пијалаци од целиот свет, Badel Stara Šljivovica беше прогласен за најдобар во натпреварот во Лас Вегас.
Пијалаците ги оценуваше жири, што го сочинуваа експерти, трговци и новинари. Натпреварот го организираше американското национално здружение на продавници „Д вајн & спиритс холселерс оф Америка" (WSWA), што вклучува повеќе од 350 членови во 50 држави на САД.
Badel Stara Šljivovica со години се извезува и е застапен на полиците во продавниците, како и во понудата во баровите и рестораните на пазарите на Германија, Холандија, Словенија, Швајцарија, Италија, Франција и во други европски и американски земји.
Последниот златен медал од Лас Вегас е уште едно признание за квалитетот на производот Badel 1862, пијалак што го препознаваат потрошувачите повеќе од 150 години, не само во Храватска, туку и низ целиот свет. Значењето на овој медал е што го доделија луѓе што го држат американскиот пазар, па очекуваме да се зголеми интересот за Badel Stara Šljivovica во Америка, порачуваат од компанијата.