
Вината од „Бадел 1862“ се наградени на оценувањата на „Декантер“ 2013 година и ИВЦ 2013 (International Wine Challenge) во Лондон.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.


Вината од „Бадел 1862" се наградени на оценувањата на „Декантер" 2013 година и ИВЦ 2013 (International Wine Challenge) во Лондон.
Магазинот „Декантер" им додели сребрен медал на вината Graševina Daruvar од бербата 2009 година и на Sauvignon Daruvar 2011 г., а Korlat Merlot 2007 г. доби пофалница.
„Децкнтер" е еден од најдобрите светски магазини посветени на виното. Се продава во 96 земји, а на организираните натпревари, стручното жири ги доделува наградите врз основа на потеклото, различностите, стилот и малопродажната цена.
Во компанијата „Бадел 1862" изјавуваат дека освојувањето награда на олку престижно оценување може да се спореди со златен медал што спортистите го освојуваат на меѓународните натпревари.
На оценувањето на ИВЦ 2013 (International Wine Challenge), меѓу повеќе од 10.000 пријавени примероци, Sauvignon Daruvar 2011 од „Бадел" доби бронзен медал.
Жирито составено од 370 производители на вино, трговци на вино и вински новинари од целиот свет ги оценува вината со 100 бодови, а само вината што имаат освоено над 85 бодови влегоа во конкуренција за освојување на медал.
| Сања Куниќ, директор на маркетинг и иновации, „Бадел 1862":Секако дека ваквите награди, особено оние од силната светска конкуренција, нè радуваат. Искуството ни кажува, а долго имам работено на извоз на вино, дека наградените вина на престижните натпревари создаваат предиспозиции за склучување договори за извоз. Особено ми е драго што повторно се потврдува дека Sauvignon Daruvar е еден од најдобрите шевињони на стариот континент, бидејќи полека но сигурно ја гради својата препознатливост во Европа. Низата светски признанија и награди во последните десетина години е нешто што се цени. Не е битно дали наградата е златна, сребрена или е препорака, битна е низата на презентации на вината со постојан, врвен квалитет. Истото важи и за вината Korlat, кои од лансирањето се наоѓаат на врвот. |