
„Бадел 1862“ веќе неколку години е присутен во САД со производите Badel Šljivovica и со врвните вина, а сега планира проширување на понудата за извоз со производите Badel Pelinkovac и со ракијата и ликерот Korlat.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Бадел 1862" веќе неколку години е присутен во САД со производите Badel Šljivovica и со врвните вина, а сега планира проширување на понудата за извоз со производите Badel Pelinkovac и со ракијата и ликерот Korlat.
Поради построгите норми и прописи што важат во САД, а се разликуваат од оние во ЕУ, компанијата мораше да ја приспособи рецептурата и состојките на Badel Pelinkovаc што траеше речиси две години. Од „Бадел 1862" потврдија дека конечно ги добиле сите потребни решенија што овозможи почеток на извозот.
Пласманот и продажбата на проширената програма на „Бадел 1862" ќе се одвива преку дистрибутерските канали што компанијата веќе ги има воспоставено.
Во последните две години имавме многубројни презентации на производите на „Бадел 1862" (вина и силни алкохолни пијалаци) во САД. Освен вината и Badel Šljivovica, со кои сме веќе присутни на пазарот во САД, а кои ги претставивме со дополнителни специјализирани презентации – организирање на мастеркласи и презентации наменети за сомелиери, менаџери, шефови и сл., на презентациите присутните покажаа интерес и за програмата на јаки пијалаци, особено за палетата Badel Pelinkovаc. Но, за да почнеме со извозот и на овој производ наидовме на пречка затоа што содржината на тујон во Badel Pelinkovаc, според нивните стандарди е поголема, изјави Славен Саболиќ, менаџер за извоз во „Бадел 1862".
Имено, во САД постојат построги прописи за ограничување на содржината на тујонот. Оваа состојка природно се наоѓа во многу лековити растенија, па и во пелинот, но поради различните ставови и прописи, компанијата мораше да ја приспособи рецептурата на пијалакот, така што дополнително се редестилираа дестилатот и етеричните масла, кои се составен дел од есенцијата на пијалакот.