
Од оваа година, ексклузивен дистрибутер на францускиот производите на алкохолни пијалаци и специјален коктел-асортиман „Мари Бризар ет Рожер Интернационал“ за Хрватска е „Бадел 1862“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од оваа година, ексклузивен дистрибутер на францускиот производите на алкохолни пијалаци и специјален коктел-асортиман „Мари Бризар ет Рожер Интернационал" за Хрватска е „Бадел 1862".
Договорот кои компаниите го потпишаа му осигурува на францускиот производител партнер со големо искуство и силна загарантирана дистрибутивна мрежа, што ќе овозможи квалитетна и ефикасна дистрибуција на нивните производи, се наведува во соопштението на „Бадел 1862". Компанијата ќе ја преземе дистрибуцијата на „Мари Бризар" ликерите за коктели, но во понудата ќе ги има и безалкохолните сирупи за коктели, кои многу се користат и за подготвување на други напитоци.
„Мари Бризар" е француски производител на алкохолни пијалаци, основан во 1755 година. Француската компанија е специјализирана за производство на алкохолни пијалаци и пијалаци на база на билки, овошје и зачини кои се наземнливи во коктелите. Со асортиманот на „Мари Бризар", „Бадел 1862" стратешки ја зајакнува својата понуда на производи и заокружува една целина одговарајќи на потребите на пазарите во хорека каналите на продажба. „Мари Бризар" ги дистрибуира своите производи во 120 држави во светот, а произведува над 230 милиони шишиња годишно.