
„Бадел 1862“ стана ексклузивен дистрибутер на швајцарскиот производител на алкохолни пијалаци „Ундерберг АГ“ за Хрватска, соопштено е од оваа компанија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Бадел 1862" стана ексклузивен дистрибутер на швајцарскиот производител на алкохолни пијалаци „Ундерберг АГ" за Хрватска, соопштено е од оваа компанија.
Според потпишаниот договор, „Бадел" на „Ундерберг" му ја обезбедува својата разгранета дистрибутивна мрежа, а со дистрибуцијата на асортиманот на „Ундерберг" го проширува и својот асортиман на пијалаци што, како се наведува, не е конкуренција со постоечкиот асортиман.
Освен нивниот најпознат бренд Underberg направен од ароматични билки од 43 земји, „Бадел 1862" ќе го дистрибуира и Pitú, бразилски алкохолен пијалак, што се дестилира од сокот на свежата шеќерна трска. Underberg се полни во карактеристично шише, обвиткано со сламка, додека Pitú се користи за Pitúrinhu, познато како премиум Caipirinha со Pitú, што е национален коктел во Бразил.
„Ундерберг АГ" е основан во 1846 година од страна на Хуберт Ундербург, а компанијата и денес е во сопственост на ова семејство.