
Управата на „Бадел“ ги повика потенцијалните стратешки инвеститори за искажување интерес за активно вклучување во спроведувањето на мерките за финансиско и оперативно реструктуирање на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на „Бадел" ги повика потенцијалните стратешки инвеститори за искажување интерес за активно вклучување во спроведувањето на мерките за финансиско и оперативно реструктуирање на компанијата, во рамките на постапката за предстечајна спогодба.
Стратешките инвеститори би требало заедно со управата да ги утврдат потребните мерки за финансиско и оперативно реструктурирање на „Бадел", кои се составен дел од Планот за реконструкција, за чиешто прифаќање ќе одлучат доверителите во рамките на постапката за претстечајна постапка, се наведува во соопштението на компанијата.
Во соопштението се додава и дека стручните служби на „Бадел" им стојат на располагање на потенцијалните стратешки инвеститори за евентуални, дополнителни образложенија.
При доставувањето на писмата за намери, потенцијалните инвеститори треба да ги наведат сите податоци за контакт, а крајниот рок за искажување интерес и за достава на писмата е до 23 мај 2016 година. Друштвото ги задржува правата да ги контактира потенцијалните инвеститори по сопствен избор, без посебно образложение, како и правата на конечен избор.
Производителот на вина и на алкохолни пијалаци – „Бадел 1862", минатата година ја заврши со нето-добивка од 11,8 милиони куни (1,6 милиони евра) по шест години пад.