
„АВТ интернационал“ ја презема дистрибуцијата од фирмата „Кор дистрибушн“ во која е вклучена и дистрибуција на програмата Erdal.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„АВТ интернационал" ја презема дистрибуцијата од фирмата „Кор дистрибушн" во која е вклучена и дистрибуција на програмата Erdal.
Во согласност со договорот постигнат меѓу трите страни што од 1 септември станува официјален, ги известуваме сите ценети купувачи дека во текот на наредните недели целото работење ќе биде префрлено на „АВТ интернационал", стои во соопштението на „Вернер & Мерц".
Од компанијата се надеваат дека оваа деловна одлука ќе придонесе позитивна реализација на резултатите за тековната година, а во интерес на идна подобра и поефикасна соработка.
Исто така, сакаме да му се заблагодариме на досегашниот дистрибутер „Кор дистрибушн" за добрата и коректната соработка и да им посакаме понатамошен развој во насока на ширење на малопродажната мрежа и уште подобри деловни резултати, истакнуваат од „Вернер & Мерц".