
Од почетокот на овој месец хрватската компанија „Атлантик трејд“ почна со дистрибуција на познати брендови на пиво од компанијата „САБМилер“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од почетокот на овој месец хрватската компанија „Атлантик трејд" почна со дистрибуција на познати брендови на пиво од компанијата „САБ Милер".
„САБ Милер" е една од најголемите светски компании во производство на пиво, со промет од 27 милијарди долари и повеќе од 70.000 вработени во 80 земји. Присутна е на сите континенти, а произведува повеќе од 200 пивски брендови.
„Атлантик трејд" почнува со дистрибуција на три бренда - Pilsner Urquell, Kozel Premium и Kozel Dark, производи на пиварницата „Пзенски Праздрој" во Чешка. Од 1999 година оваа пиварница почнува да работи во рамките на компанијата „САБ Милер".