
За „Атлантик група“ 2014 година беше одбележана со пораст во работењето и најголем инвестициски циклус во развојот на производството.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За „Атлантик група" 2014 година беше одбележана со пораст во работењето и најголем инвестициски циклус во развојот на производството.
„Атлантик група" во 2014 година оствари приходи од продажба во износ од 670,8 милиони евра, што во споредба со претходната година претставува пораст од 2,4 отсто. Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 57,8 милиони евра и порасна за 3,8 отсто додека нето-добивката по исплатата на малцинските акционери изнесува 28,0 милиони евра и претставува пораст од 2,6 отсто.
И покрај тоа што 2014 година беше обележана од тешки макро и микроекономски услови, примарно намалената лична потрошувачка, силната депресијација на руската рубља, елементарните непогоди во регионот и негативното движење на повеќето пазарни категории, „Атлантик група" бележи приходи и профитабилност во согласност со најавените очекувања и со постојано намалување на задолженоста. Горди сме на остварениот резултат, а во 2015 продолжуваме да се фокусираме на понатамошен пораст и интернационализација на работењето, управување со оперативните и финансиските ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски, истакна Емил Тедески, претседател на Управата на „Атлантик група".
Работењето на Атлантик Група во 2014 година го обележа успешниот почеток на дистрибуцијата на асортиманот на „Унилевер" на пазарот во Хрватска и Словенија како и изградбата на нова фабрика за енергетски барови Multipower од асортиманот на спортска и активна исхрана во индустрискиот парк Нова Градишка. Со ова е завршен најголемиот инвестициски циклус во проширувањето и развојот на сопствените производни капацитети во историјата на работењето на компанијата, со вкупна вредност од 13 милиони евра.
Во ноември 2014, „Атлантик група" потпиша договор за преземање на компанијата „Фудленд" со седиште во Белград и производните погони во подножјето на Копаоник, во населбата Игрош.
За вкупниот пораст на приходите од продажба на „Атлантик група" во 2014, најмногу придонесоа стратешката бизнис област-деликатесни намази со пораст од 3,1 процент, стратешката дистрибутивна област-меѓународни пазари со пораст од 4,8 проценти и почетокот на дистрибуцијата на „Унилевер" во стратешката дистрибутивна област во Хрватска и дистрибутивната област во Словенија. Кафето, со 20,1 процентен удел во вкупните приходи од продажбата, се истакнува како најголема поединечна категорија со 134,6 милиони евра приходи од продажба.
Гледано по пазари, најголем пораст од 17,4 проценти е остварен на пазарот во Словенија што изнесува 15,8 проценти од вкупните приходи од продажба. Пазарот во Хрватска со 25,1 проценти има најголем удел во вкупните приходи од продажба и оствари пораст од 6,3 проценти.
Сопствените брендови на „Атлантик група" учествуваат во продажбата со 67,0 проценти, дистрибуцијата на брендовите од принципалите со 18,0 проценти, фармацевтскиот ланец со 6,2 проценти, додека производите кои „Атлантик група" ги произведува како приватни брендови за големите бизнис системи во земјата и странство учествуваат со 8,8 проценти во вкупната продажба.