
Во првата половина на 2015 година „Атлантик група“, генерираше приходи од продажба од 333,1 милиони евра што во споредба со истиот период во 2014 година, претставува зголемување од 3,5 проценти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првата половина на 2015 година „Атлантик група", генерираше приходи од продажба од 333,1 милиони евра што во споредба со истиот период во 2014 година, претставува зголемување од 3,5 проценти.
Добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 27,3 милиони евра, што претставува намалување од 10,0 отсто, а во најголем дел се должи на зголемување на цените на суровините. Нето-добивката по малцинските интереси изнесува 18,9 милиони евра, што претставува зголемување за 9,6 отсто.
Со отворањето на нов модерен објект за производство на енергетски барови, во чија изградба и опремување беа инвестирани 13,3 милиони евра, продолжи консолидацијата на капацитетите за производство на „Атлантик група", а во текот на првата половина од 2015 година во фокусот беше и интензивната интеграција на компанијата Foodland д.о.о., стои во соопштението од „Атлантик група".
За севкупниот пораст на продажбата на „Атлантик група" во првата половина од 2015 година најмногу придонесе Стратешката бизнис-област Деликатесни намази со пораст од 6,2 проценти, зад неа следуваат: Стратешката бизнис-област Слатко и солено со пораст од 4,8 отсто, Стратешката бизнис-област Пијалаци со пораст од 2,3 отсто, Стратешката дистрибутивна област Хрватска со пораст од 6,3 отсто и Стратешката дистрибутивна област Србија со пораст од 5,7 отсто. Кафето со 19,3 отсто удел од вкупната продажба се издвојува како најголема поединечна категорија со 64,1 милиони евра приходи од продажба.
Во однос на пазарите, најголем пораст од 7,3 проценти е остварен на српскиот пазар, кој е втор по големина во „Атлантик група" со учество во вкупните приходи од 22,8 отсто. Хрватскиот пазар, кој со 26 проценти има најголем удел во приходите од продажбата, бележи пораст од 6,6 отсто, додека пазарот Босна и Херцеговина бележи пораст од 6,1 отсто со 7,3 отсто од вкупните приходи од продажба.