
„Атлантик група“ со компанијата ДОО „Канаан“ договори стратешка соработка за услужно производство на асортиманот солен снек со можност за преземање на сопствеништвото.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" со компанијата ДОО „Канаан" договори стратешка соработка за услужно производство на асортиманот солен снек со можност за преземање на сопствеништвото.
Како што се наведува во соопштението доставено од страна на „Атлантик група" до Загрепската берза, во рамките на стратешката работна категорија Слатко и солено, со воведувањето на новиот бренд Chipsos, ќе се прошири асортиманот на солени снек производи, со палетата производи чипс.
Со овој чекор „Атлантик" се етаблира како значаен фактор во сегментот чипс на територијата на југоисточна Европа. Производството на чипсот е договорено со компанијата „Канаан" со седиште во Долен Михајловец, најзначајниот услужен производител во оваа категорија во Хрватска, што ги задоволува високите стандарди во производството и квалитетот на суровините и конечниот производ, стои во соопштението.
Заедно со договорената стратешка соработка во производство на чипс за новиот бренд, „Атлантик група" со компанијата „Канаан" го почнаа и процесот на длабинско снимање на работењето на компанијата. Во процесот се разгледуваат можностите за сопственичко поврзување на „Атлантик група" со „Канаан", односно преземање на поголемиот удел од сопствеништвото на фирмата „Канаан".