
„Атлантик група“ во 2015 година генерираше продажба од 711 милиони евра, што во споредба со претходната година, претставува зголемување од 5,6 проценти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во 2015 година генерираше продажба од 711 милиони евра, што во споредба со претходната година, претставува зголемување од 5,6 проценти.
Добивката пред камати и даноци (ЕБИТ) изнесуваше 53 милиони евра и беше намалена за 8,3 отсто, главно поради зголемувањето на цените на суровините, како и поради неповолните движења на девизниот курс. Нето-добивката по малцински интереси изнесуваше 32 милиони евра, што пак, претставува зголемување од 21,1 отсто во споредба со 2014 година.
Од важните бизнис-настани во 2015 година се истакнува реорганизацијата на дистрибутивното работење со основање на компании на пазарите во Германија и во Австрија, што укажува на фокусирање за понатамошно интернационализарање. Годината ја одбележа и продолженото зајакнување на дистрибуцијата во регионот. Исто така, почна со работа новата фабрика за енергетски барови и за асортиман за спортска исхрана во Нова Градишка, во која беа инвестирани 13 милиони евра. Последната аквизиција на „Атлантик група" со „Фудленд", успешно беше интегрирана со брендот Bakina Tajna, а кон крајот на годината „Спајдер груп", кој е долгорочен договорен партнер во производството на чаевите Cedevita и Naturavita, потпиша договор за купување на бизнисот со чаевите.
Во 2016 година „Атлантик група" ќе продолжи да се фокусира на интернационализацијата и на порастот на постојните пазари, а особено внимание, компанијата и понатаму ќе посвети на одржувањето на ликвидноста и на управувањето со финансиските обврски и ризици.
И покрај предизвиците на макроекономската средина, во 2015 година остваривме пораст на продажбата и ја подобривме нето-профитабилноста. Според последното истражување на „Еуромани", групацијата беше прогласена за најдобро менаџирана компанија во Хрватска и за најдобро водена компанија во секторот храна и пијалаци во Централна и во Источна Европа. Продолжуваме да го развиваме бизнисот во регионот, а фокусот на понатамошниот развој е свртен кон развиените западни пазари, изјави Емил Тедески, извршен директор на „Атлантик група".
Анализирајќи ја структурата на приходите од продажбата, порастот на компанијата во 2015 година беше поткрепен со стратешките деловни единици деликатесни намази (пораст од 14,2 отсто), кафе (пораст од 5,7 отсто), пијалаци (пораст од 4,3 отсто), како и од стратешко дистрибутивните подрачја Хрватска (пораст од 11,1 отсто) и Србија (пораст од 8,5 проценти). Кафето со 20,1 отсто удел од вкупната продажба, се издвојува како најголема категорија со приходи од продажбата во износ од 143 милиони евра.
Во однос на пазарите, најголем пораст од 9,7 проценти е постигнат на српскиот пазар, кој учествува во вкупните приходи со 23,2 отсто, по што следи хрватскиот пазар со пораст од 9,6 проценти, кој со уделот од 26,1 отсто, е најголемиот пазар на „Атлантик група". Сопствените брендови на групацијата учествуваат во продажбата со 65,3 отсто, дистрибуцијата на главните брендови со 19,7 отсто, синџирот на медицински производи – фармација со 6,2 отсто, додека производите на „Атлантик група" како брендови за големите деловни системи во земјата и во странство, учествуваат со 8,7 проценти во вкупната продажба.