
„Атлантик група“ во првото полугодие на 2013 година оствари приход од продажбата во износ од 322,8 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 3,3%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во првото полугодие на 2013 година оствари приход од продажбата во износ од 322,8 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 3,3%.
Добивката пред оданочување порасна на 29,2 милиони евра, што е за 5,2% во однос на истиот период минатата година, додека нето добивката после исплатата на дивидендата на индивидуалните акционери изнесува 15,3 милиони евра , благодарение на значително намалените трошоци за камата после успешното рефинансирање на кредитните обврски.
За вкупниот раст на приходите од продажба на „Атлантик група" најмногу допринеле стратешките деловни единици за спортска и активна прехрана (16,9%), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Швајцарија, и деловната единица за Здравје и нега (3,6%) која бележи раст на рускиот пазар и покрај промената на дистрибутерот со што е надополнета изостанатата продажба во првиот квартал. Деловната единица „Слатко и Солено" пораснала за 3,4%, со значаен раст во продажбата на категориите флипс, кекси и чоколадо на пазарот во Србија и Македонија. Кафето како најголема поединечна категорија со 67,5 милиони евра приход од продажбата остварила 1,7 проценти подобар резултат во однос на истиот период минатата година. Пазарот во Хрватска во овој сегмент продолжува да бележи двоцифрен раст на продажба на трговската марка Barcaffe.
„Атлантик група" во првата половина на годината оствари раст на приходите од продажба и покрај економските предизвици во регионот и пошироко.Исклучително сме задоволни од континуираниот органски раст во работењето, а посебно сме задоволни од растот на приходите од продажбата на пазарите во Русија, бившите советски републики, како и на клучните европски пазари што е потврда за успешното зајакнување на позицијата на брендовите на „Атлантик група" на меѓународните пазари, изјави потпретседателот на компанијата одговорен за финансии, Зоран Станковиќ.
Првото полугодие во 2013 ги одбележа имплементацијата на новите комерцијални услови на пазарот во Хрватска, како и ширењето на портфолиото. Така во стратешката деловна единица Пијалоци е лансиран новиот производ – Cockta Chinotto, додека Аргета како лидер во категоријата Деликатесни намази влезе на пазарот во Шпанија. Стратешки деловната единица Здравје и нега го зголеми асортиманот на брендот Dietpharm за пет производи како и два нови производи од асортиманот Neve, додека „Спортската и активна исхрана" го прошири асортиманот на сопствените производи на пазарот во Германија, Австрија и Швајцарија.
Анализирајќи ги пазарите, најголемиот раст е направен во Русија и бившите советски републики (26,8%) со што овој пазар во вкупните приходи на групата сега остварува 5,6% од вкупните приходи од продажбата. Вториот најголем раст е остварен во Словенија (6,9%). Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија),кои сочинуваат 12,8% од вкупните приходи од продажба, исто така оствариле значаен раст од 6,7%.Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажбата со 24,4%, а по него следи пазарот во Србија со 24%. Словенија е трет по големина пазар со 12,8%, а по него следат БиХ со 7,6% и останатите регионални пазари со 6,2%.Сопствените трговски марки на „Атлантик група" учествуваат во продажбата со 72,6%, дистрибуцијата на производи на трговските марки принципали со 1%, аптекарскиот ланец Farmacia со 6,3% , додека производите кои компанијата ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и странство во вкупниот приход од продажбата учествуваат со по 7,1%.