
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската компанија „Атлантик група“ во 2012 година оствари вкупен приход во износ од 667,4 милиони евра, што претставува раст од 4,8% во однос на 2011 година, соопштија од компанијата. Според финансискиот извештај, компанијата 2012 година ја заврши со нето добивка од 7,4 милиони евра, што претставува годишен раст од 18,5%.
Хрватската компанија „Атлантик група" во 2012 година оствари вкупен приход во износ од 667,4 милиони евра, што претставува раст од 4,8% во однос на 2011 година, соопштија од компанијата. Според финансискиот извештај, компанијата 2012 година ја заврши со нето добивка од 7,4 милиони евра, што претставува годишен раст од 18,5%.
Од извештајот се гледа раст на приходите од продажбата кај, при што најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%.
Хрватскиот пазар е најголемиот поединечен пазар на „Атлантик група" со учество во вкупната продажба од 26,6%, потоа следи српскиот пазар со 24,9%, Словенија со 13,2%, Босна и Херцеговина со 7,6% и останатите регионални пазари со 6,4% како и клучните западноевропски пазари со 7,3%. Пазарот на Русија и ЗНД со учество од 5,0% во приходите од продажбата бележат најголем раст од 31,4%. Останатите пазари учествуваат со приход од 8,9%.