
„Атлантик група“ во првите девет месеци во 2013 година оствари приход од продажба во износ од 496,7 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 2,6%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" во првите девет месеци во 2013 година оствари приход од продажба во износ од 496,7 милиони евра, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 2,6%. Добивката пред камата и оданочување порасна за 13% односно на 50,1 милиони евра, додека нето добивката после надоместокот на малцинските акционери во овој период изнесува 25,8 милиони евра благодарејќи, меѓу другото, на значајно намалените трошоци за камата после минатогодишното успешно рефинансирање.
За вкупниот пораст на приходите од продажбата на „Атлантик група" најмногу придонесоа стратешките деловни области Спортска и активна исхрана (13,7%), при што најзначаен пораст е остварен на пазарите во Германија, Шпанија и Русија, Слатко и солено (5,4%) со значаен пораст на продажба во категоријата флипс, кекси и чоколади на пазарите во Србија, Црна Гора и Македонија, потоа Здравје и нега (5,2%) кои бележат пораст на рускиот и хрватскиот пазар. Кафето со 20,9% удел во вкупниот приход се истакнува како најголема поединечна категорија со 104 милиони евра приход од продажба.
Со успешна примена на зацртаните стратегии, „Атлантик група" во првите девет месеци на 2013 година продолжи со органски пораст на приходите од продажбата, со подобрена профитабилност. Особено сме задоволни со лансирањето на нови инвестиции и фактот дека резултатите ја потврдуваат стабилноста на нашиот бизнис модел во тешка економска средина. Освен тоа, со постигнатите резултати на пазарите во Русија и други ЗНД како и клучните европски пазари ја потврдуваме интернационализацијата како наш стратешки фокус. Во исто време сме посветени на континуирано управување со ризици, одржување на ликвидноста и управување со финансиските обврски, рече Емил Тедески, извршен директор на „Атлантик група".
Првите девет месеци од 2013 година ја обележаа имплементацијата на новите комерцијални услови на хрватскиот пазар, како и понатамошното проширување на производственото и дистрибутивното портфолио. Во третиот квартал, со потпишување на прелиминарниот договор во Индустрискиот парк Нова Градишка, „Атлантик група" започнаа со инвестиција во новата фабрика за производство на енергетски барови од широката палета на спортска и активна храна. Проектот во вкупна вредност од 16 милиони евра, во првата година на производство ќе обезбеди 50 нови работни места, а со планираниот пораст на бизнисот, бројката ќе достигне 160 нови работни места. Изградбата се планира да започне во април 2014, а првите производи од оваа фабрика се очекува да се појават на пазарот во првиот квартал од 2015 година.
Во однос на пазарите, најголем раст е забележан во Русија и други од ЗНД (25,4%), со што овој пазар постигнува 5,6% од вкупната продажба во вкупниот приход на „Атлантик група". Словенија, како пазар кој е трет по големина според приходите од продажбата, бележи 7,4% пораст. Клучните европски пазари (Германија, Велика Британија, Италија, Швајцарија, Австрија, Шведска и Шпанија), кои сочинуваат 12,2 проценти од вкупната продажба, исто така, остварија пораст за 4,2%. Хрватскиот пазар е најголем во вкупниот приход од продажба со 25,4%, по што следи српскиот пазар со 23,6%.
Брендовите во сопственост на „Атлантик група’" учествуваат во продажбата со 72,4%, дистрибуцијата на производи на стоковни марки од принципалите изнесува 14,8%, синџирот на аптеки Farmacia со 6,1%, додека производите кои „Атлантик група’ ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и во странство во вкупниот приход од продажба изнесува 6,7%.