
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и „Атлантик Група“ потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 10 милиони евра. Износот е наменет за вложување во изградба и опремување на современа фабрика за производство на протеински барови во Нова Градишка.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и „Атлантик Група" потпишаа договор за кредитна линија во вредност од 10 милиони евра. Износот е наменет за вложување во изградба и опремување на современа фабрика за производство на протеински барови во Нова Градишка.

Преостанатиот износ од шест милиони евра од вкупната вредност на инвестицијата компанијата ќе го финансира со сопствени средства.
Од оваа инвестиција очекуваме да обезбеди одржлив развој и конкурентност на компанијата, благодарение на локалното производство, унапредување на флексибилноста и подобрување на маржите. Со „Атлантик Група" веќе неколку години имаме партнерски однос и уверени сме дека овој проект ќе биде уште еден успешен пример за нашата соработка, коментираше Миљан Ждрале, првиот човек на секторот за земјоделство за средна и југоисточна Европа во ЕБОР.
Вложувањето во новата фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна прехрана „Атлантик Група" ја почна во септември 2013 година, со потпишувањето на преддоговорот во Индустрискиот парк во Нова Градишка. Станува збор за проект во вредност од 16 милиони евра, што во првата година ќе отвори 50, а со текот на планираниот пораст и 160 работни места. Според планот на активности, изградбата почна во април 2014 година, а првите производи на пазарот се очекуваат во првиот квартал во 2015 година.
Новите погони се проектирани во согласност со највисоките стандарди за прехранбено производство и претставуваат вложување во понатамошниот развој на сегментот спортска прехрана, но и поширок развој на асортиманот на „Атлантик Група" во регионот на југоисточна Европа.
„Атлантик Група" е водечки производител на спортска и активна храна под брендот Multipower, а најголемиот дел од асортиманот се произведува во околината на Хамбург (прашкасти производи и компримати) и во Рогошка Слатина (пијалаци), додека енергетските барови се произведуваа со договор со трета страна. Во согласност со стратешките одредби за консолидација на сопственото производство со цел максимално користење на внатрешната синергија на системот, енергетските барови, по завршувањето на новата фабрика, ќе се произведуваат во сопствени капацитети.