
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик Група“, со потпишувањето на прелиминарниот договор во индустрискиот парк „Нова Градишка“, го означи почетокот на инвестицијата во нова фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана.
„Атлантик Група", со потпишувањето на прелиминарниот договор во индустрискиот парк „Нова Градишка", го означи почетокот на инвестицијата во нова фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана.
Станува збор за проект во вкупна вредност од 16,1 милион евра, што во првата година на производство ќе отвори 50 работни места, а со планираниот пораст на бизнисот ќе се отворат вкупно 160 нови работни места. По завршувањето на потребните подготовки, почетокот на изградба на фабриката е планиран за април 2014 година, а првите производи од новата линија се очекуваат на пазарот во првиот квартал од 2015 година.
„Атлантик Група" е водечки европски производител на спортска и активна исхрана под брендот Multipower, а најголемиот дел од асортиманот се произведува во сопствените капацитети во околината на Хамбург (прашести производи и компримати), потоа во Рогашка Слатина (пијалаци), додека енергетските барови досега се произведуваа договорно кај трето лице. Во согласност со стратешката одредба за консолидација на сопственото производство, со цел максимално користење на внатрешната синергија во системот, енергетските барови по завршувањето на инвестицијата во новата фабрика ќе продолжат да се произведуваат во сопствени капацитети.
Со големо задоволство влегуваме во овој проект, првенствено затоа што создаваме нова вредност на најдиректниот начин – со изградба, производство, вработување, што на крајот ќе резултира со извоз на сопствени висококвалитетни производи на светските, примарно на европските пазари. Новите производствени погони се проектирани во согласност со највисоките стандарди за прехранбено производство и претставуваат вложување во понатамошниот развој на нашиот сегмент за спортска исхрана, но и поширокиот развој во сродните подрачја на асортиманот на „Атлантик Група" во Југоисточна Европа. Во Нова Градишка наидовме на многу разбирање и поддршка од страна на локалната заедница и ни претставува големо задоволство што имаме можност преку развојот и порастот на нашиот бизнис да придонесеме и во развој на оваа бизнис-зона, изјави Емил Тедески, претседател на „Атлантик Група".