
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Водечкото, светско финансиско списание „Еуромани“ ги објави резултатите од последното истражување за најквалитетно водени компании во 2015 година, според кое „Атлантик група“ е прогласена за добитник на признанието во категоријата најдобро водена компанија во Хрватска.
Водечкото, светско финансиско списание „Еуромани" ги објави резултатите од последното истражување за најквалитетно водени компании во 2015 година, според кое „Атлантик група" е прогласена за добитник на признанието во категоријата најдобро водена компанија во Хрватска.
Освен признанието за најдобро водена компанија во Хрватска, „Атлантик група" доби признание за второ најдобро водена компанија во регионот на средна и источна Европа и добитник на признанието во категоријата најдобро водена компанија во областа на храна и пијалаци во регионот на средна и источна Европа.
Листата на најдобро рангирани компании според изборот на „Еуромани" се темели на истражувања на аналитичари од водечките банки и истражувачки институти низ целиот свет. Учесниците во истражувањата номинираа компании според повеќе критериуми од промисленоста на бизнис стратегијата, квалитетот на корпоративното управување, транспарентноста на финансиските извештаи, моќта на пазарот и профитабилноста на компанијата, потенцијалот за пораст и квалитетот на менаџментот и платите.
„Атлатник група" е исклучително горда што во 2015. година е препозната како компанија која успешно работи, има квалитетен систем на корпоративно управување и транспарентна пракса на комуникација кон финансискиот пазар.