
Под мотото „Храната е емоција“, „Атлантик група“ ги претстави своите производи на „Сиал“ еден од најголемите саеми за храна. Посетителите имаа можност да уживаат во возбудливите и здрави вкусови на Bakina tajna, Cedevita, Donat Mg.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Под мотото „Храната е емоција", „Атлантик група" ги претстави своите производи на „Сиал" еден од најголемите саеми за храна. Посетителите имаа можност да уживаат во возбудливите и здрави вкусови на Bakina tajna, Cedevita, Donat Mg.
Ова е еден од најголемите и најпрестижните саеми каде „Атлантик група" се претстави со своите врвни прозиводи, имајќи предвид дека нашата главна стратешка цел подразбира интернационализација на компанијата. Работните активности се фокусираа на изградба и зајакнување на нашите интернационални брендови, и тоа не само преку развивање на сопствената дистрибуција, туку и преку маркетиншка поддршка на одбраното портфолио на компанијата. Ваквиот настан е одлична можност да ги претставиме интернационалните брендови во најдобро можно светло со емоцијата која изворно ја носат, велат од „Атлантик група".
„Сиал" е еден од најголемите саеми во прехрамбената индустрија чијшто фокус се иновациите и презентацијата на производите. Од 16 до 20 октомври, колку што трае саемот во Париз, повеќе од 7.000 изложувачи од 104 земји, имаа можност да ги претстават своите производи.
Како што истакнуваат од компанијата, производите на „Атлантик група" се присутни во: Русија, ЗНД земјите и Западна Европа, додека со широкиот асортиман на спортска исхрана таа е водечка европска компанија во овој сегмент. Атлантик Група има вработено околу 5300 луѓе. Седиштето на компанијата е во Загреб, додека производствените погони се наоѓаат во Хрватска, Германија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, а има и компании и претставништва во 12 земји.