
„Атлантик група“ отвори нов современ објект за производство на енергетски барови во индустрискиот парк на Нова Градишка. Инвестицијата е во вредност од 13 милиони евра, а станува збор за дел од асортиманот на спортска исхрана.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" отвори нов современ објект за производство на енергетски барови во индустрискиот парк на Нова Градишка. Инвестицијата е во вредност од 13 милиони евра, а станува збор за дел од асортиманот на спортска исхрана.
Се гордееме со фактот што фабриката е завршена за само десет месеци, а тоа се должи на вложениот труд на нашите вработени и партнери. Овој проект е пример за ефикасно инвестирање во Хрватска, каде што имавме подеднакво голема поддршка и од локалните заедници и државните институции, но и од финансиските партнери, пред сè од Европската банка за обнова и развој, изјави на отворањето на Емил Тедески, претседател на Управниот одбор на „Атлантик група". Имено, проектот е финансиран со сопствени средства на компанијата и заем од ЕБОР.
„Атлантик група" со својот бренд Multipower е водечки европски производител на спортска храна, која во најголем дел се произведува во фабриката на „Атлантик група" во близина на Хамбург (прашкасти производи и компримати) и во Рогашка Слатина (пијалоци). Оваа инвестиција претставува продолжение на консолидацијата на производни капацитети, така што отсега асортиманот на енергетски барови ќе се врши во сопствен погон. Повеќе од 99 проценти од производството од оваа фабрика е наменето за извоз, главно на пазарите во западна Европа.
| Инвестицијата во бројки:Вредност од 13 милиони евраВработени 50 луѓеПовршина од 6.000 квадратни метриИзградба на фабриката за10 месеци Брендот Multipower на пазарот веќе 37 години Должина на производствената линија од 90 метриПроизводство на 300 до 450 парчиња барови во минута или годишно до 83 милиони барови |