
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група“ и „Унилевер“ потпишаа договор со кој „Атлантик“ во Хрватска и Словенија ја презема дистрибуцијата на еден од најголемите светски производители на стока за широка потрошувачка, со приходи што надминуваат 50 милијарди евра, а во чие портфолио се наоѓаат глобално познатите брендови: Knorr, Rama, Lipton, Hellmann's, Dove, Axe, Rexona, Cif, Domestos многу други.
„Атлантик група" и „Унилевер" потпишаа договор со кој „Атлантик" во Хрватска и Словенија ја презема дистрибуцијата на еден од најголемите светски производители на стоки за широка потрошувачка, со приходи што надминуваат 50 милијарди евра, а во чие портфолио се наоѓаат глобално познатите брендови и Knorr, Rama, Lipton, Bertolli, Hellmann's, Dove, Axe, Rexona, Cif, Domestos многу други.
Набљудувајќи ја вкупната годишна вредност на продажбата на портфолијата на овие два пазари, договорот се проценува на 32 милиони евра. Преземањето на дистрибуцијата на производите на „Унилевер" на хрватскиот и словенечкиот пазар, ја потврдува водечката позиција на „Атлантик група".
Големо е признанието кога успешна интернационална компанија како „Унилевер" ќе ја препознае верноста и потенцијалот на дистрибуцијата што ја развиваме повеќе од 20 години и кога ќе одлучи да ја укаже довербата на нашиот менаџмент, и на дистрибутивната поддршка што значи давање врвна услуга и квалитетен однос со купувачите, што нè прави врвни познавачи на пазарот. Преку нашата соработка ќе ја оправдаме укажаната доверба и заслужената репутација, на заемна корист и задоволство на сите наши купувачи и потрошувачи, коментираше Емил Тедески, претседателот на Управата на „Атлантик група".
Во „Унилевер" се радуваме на новата соработка со „Атлантик група" во Хрватска и Словенија од која имаме големи очекувања. Исклучително сме посветени на овие пазари кои за нас се многу важни, а со потпишувањето на договор со водечкиот дистрибутер во регионот сакаме да го зајакнеме нашето работење, да го забрзаме порастот, но пред сè сакаме на нашите купувачи и потрошувачи да им овозможиме квалитетна услуга, истакна Харм Гусенс, извршниот потпретседател на „Унилевер" за средна и источна Европа.
| „Атлантик група" е еден од водечките дистрибутери на стока за широка потрошувачка во југоисточна Европа, која работи со 16 дистрибутивни центри на овие пазари, има директна достава на над 53.000 места, повеќе од 1.000 возила за доставување, како и високоразвиена технологија и знаење во управувањето со клучните купувачи, управувањето со категориите производи, логистиката и трејд-маркетингот. |
| „Унилевер" е една од најистакнатите мултинационални компании чии производи во распон од 400 постоечки брендови, дневно ги користат околу две милијарди потрошувачи ширум светот. Нејзиното портфолио се состои од широк дијапазон на прехранбени артикли, производи за лична нега и производи за домашна употреба. Вкупно 15-те најпродавани брендови на „Унилевер" годишно генерираат приход од продажбата што преминува милијарда долари. |