
„Атлантик група“ потпиша договор со „Ред Бул“ за дистрибуција на овој познат енергетски пијалак на пазарот во Србија, продолжувајќи да го шири своето портфолио во согласност со очекувањата и најавите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" потпиша договор со „Ред Бул" за дистрибуција на овој познат енергетски пијалак на пазарот во Србија, продолжувајќи да го шири своето портфолио во согласност со очекувањата и најавите.
Носител на договорот, чија вредност е околу 4,5 милиони евра, колку што рамковно изнесува годишниот износ на продажбата, е дистрибутивната компанија на „Атлантик група" со седиште во Белград, стои во соопштението.
„Ред Бул ГмбХ", чие седиште е во Австрија, во „Атлантик група" препозна стратешки партнер со кој може да ги оствари амбициозните цели.
„Атлантик брендс" е еден од водечките дистрибутери на стока за широка потрошувачка на територијата на Србија, со широко портфолио на истакнати брендови, од сопствениот производствен асортиман, како и од реномираните принципали.

Како што истакнаа од компанијата, за склучување на новото партнерство пресудно значење имаше високото ниво на развој на дистрибутивна мрежа, одличната покриеност на дистрибутивниот канал, особено во малопродажбата и во хорека сегментот, развиен однос со клучните купувачи што „Атлантик група" ги има развиено во текот на 26-годишното работење во оваа индустрија.
Особено сме задоволни од проширувањето на портфолиото со бренд од светско реноме како што е Red Bull и со развој и ширење на дистрибутивните активности, како што е најавено и во долгорочната стратегија на „Атлантик група". Со овој атрактивен партнер и со избалансираниот асортиман на квалитетни производи направивме уште еден значаен исчекор во ширењето на дистрибуцијата на пазарот во Србија, изјави Драгомир Костиќ, генерален директор на Стратешко дистрибутивното подрачје Србија, во „Атлантик група".