
„Атлантик група“ ќе го дезинвестира производството на спортска и на активна исхрана на белгиската компанија „Аминолабс груп“, но ќе го задржи брендот Multipower.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" ќе го дезинвестира производството на спортска и на активна исхрана на белгиската компанија „Аминолабс груп", но ќе го задржи брендот Multipower.
За понатамошно реструктурирање и поедноставување на работењето во сегментот спортска и активна исхрана, но за фокусирање на сопствените брендови, „Атлантик група" одлучи да ги продаде фабриките во Германија (Блекеде) и во Хрватска (Нова Градишка), како и поврзаното производство на приватни трговски марки на белгиската компанија „Аминолабс груп", се наведува во соопштението на компанијата.
Вредноста на трансакцијата изнесува 27 милиони евра, од кои, исплатата од 20,3 милиони евра ќе следува по потпишувањето на договорот, а остатокот ќе биде исплатен во следните две години. Трансакцијата се очекува да заврши во последниот квартал годинава. Во погонот во Нова Градишка, „Атлантик група" ќе остане малцински партнер, а стратешките брендови Multipower, Champ и Multaben, се издвоени во посебна бизнис-единица и ќе останат во нејзина стопроцентна сопственост.
„Атлантик група" ќе продолжи да го развива брендот Multipower, приближувајќи го до премиум сегментот и ќе ја задржи надлежноста на маркетингот, продажбата и иновациите на производното портфолио на спортска исхрана.
„Аминолабс груп" е специјализирана компанија за развој и за производство на иновативни концепти во областа додатоци за исхраната и е доставувач на бројни угледни меѓународни компании за здрава исхрана. Компанијата, со седиште во Хаселт во Белгија, поседува два современи производни погони во Хаселт и во Зотегем, кои го имаат сертификатот GMP (Good Manufacturing Practice). Работи во 36 земји низ светот, а купувачи се угледни брендови, интернет-продавници, малопродажни и фармацевтски синџири.