
„Атлантик група“ најави продажба на градежното земјиште на „Дрога Колинска“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" најави продажба на градежното земјиште на „Дрога Колинска".
Станува збор за две парцели со површина од 50.652 квадратни метри што се наоѓаат во Љубљана, каде што бил сместен поголемиот дел од производството на „Колинска".
Очекуваната цена за земјиштето каде што се наоѓаат објекти изградени во периодот од 1911 до 2002 година изнесува 14,5 милиони евра, а понудите се примаат до 30 април. Земјиштата се продаваат одвоено, а предност ќе имаат купувачите што ќе предадат понуда за купување на двете земјишта.
Групацијата има намера со идните сопственици да договори изнајмување на дел од канцелариите и складиштата за чување на маркетинг материјалите за сопствени потреби.
Инаку, делот од имотот е запишан во Регистарот на културното наследство.