
Алан Шќуриц од ноември минатата година е новиот директор за маркетинг за Стратешката област – кафе.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Алан Шќуриц од ноември минатата година е новиот директор за маркетинг за Стратешката област – кафе.
Како што нагласуваат во компанијата, иако Шќуриц спаѓа во категоријата млади менаџери, тој има богато искуство во позиционирањето и водењето на лидерските прехранбени брендови на пазарите во Југоисточна Европа, кои ги стекна работејќи за интернационалните компании „Данон" и „Дукат". Продолжувајќи ја повеќегодишната кариера во маркетингот, Шќуриц во „Атлантик група" ќе биде задолжен за поставување и реализација на амбициозните маркетинг-планови во врска со регионалното работење на компанијата.
Мојата цел е да се препознае и да се приспособи постоечката понуда на трендовите на модерниот животен стил. Верувам дека со меѓународното искуство што го стекнав во текот на работата на странските пазари ќе дадам свеж поглед на водењето брендови на регионалниот лидер во производство на кафе, како дел од „Атлантик група", изјави за InStore Шќуриц.
„Атлантик група" е една од водечките прехранбени компании во регионот со седиште во Загреб, со производствени погони во Хрватска, Германија, Словенија, БиХ, Србија и Македонија, и со развиено работење во 11 земји.